Дефинитивно: Бундеслигата стартува на 16 мај!

Владата на Германија вчера даде зелено светло за продолжувањето на сезоната во Бундеслигата и Цвајта уште овој месец. По неколкучасовниот состанок кој се одржа денес, Фудбалската федерација на Германија го одреди 16 мај за рестарт на прекинатата сезона.

Тоа значи дека натпреварите од германскиот шампионат нема да стартуваат од петок, туку од сабота и преостанатите кола ќе се играат само за викенд, нормално без присуство на публика. Претстојното 26-то коло стартува во сабота, 16 мај, со дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04, додека последното, 34-то коло се претпоставува дека ќе се одигра во последниот викенд од јуни.

Што се однесува за препорачаниот карантин, играчите ќе престојуваат во клупските тренинг-центри седум дена, наместо 14 како што се најавуваше, во кој ќе бидат сместени сите здрави членови.

Информациите ги потврди директорот на Федерацијата, Кристијан Сајферт, на прес-конференцијата која е во тек, а додаде дека првите неколку кола ќе се одвиваат во пробен период, па пожелно е клубовите и играчите да се држат до протоколот за заштита од вирусот ковид-19.

 

- Оглас -

Најнови вести