21.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Дефинитивно е крај: Донарума се збогуваше со „Паркот на принцовите“ (Видео)

ПСЖ со минимални 1-0 славеше над Анже пред својата публика и така дојде до два од два на стартот од Лига 1. Сепак, едно е јасно по овој меч. Џанлуиџи Донарума и дефинитивно ќе ги напушти редовите на „светците“.

Тој беше со своите соиграчи, но облечен во „цивилка“, без клупски обележја, а доби можност и за последен пат да ги отпоздрави навивачите на ПСЖ, кои го скандираа неговото име.

Следната дестинација на италијанскиот голман ќе биде Премиер лигата, откако не се договори со раководството на ПСЖ за продолжување на договорот, кој му истекува следното лето.

- Оглас -

Најнови вести