36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Дефинитивно има нетрпение од Нојер кон Тер Штеген

Марк Андре Тер Штеген синоќа на дуелот со Унгарија од Лигата на нации го имаше своето деби како прв голман на германската репрезентација.

Тер Штеген со години му ја грееше клупата на Мануел Нојер, а по повлекувањето на Нојер од националниот тим, голманот на Барселона конечно ја дочека својата шанса да биде прв чувар на мрежата на „Ди Маншафт“.

Нојер уште не му честитал на Тер Штеген, со што се подгреваат шпекулациите дека односот меѓу нив не е добар.

„Сигурно не е најлесната ситуација за него кога гледа. Сè уште го има она чувство кога си велите: јас сè уште можев да го сторам тоа. Не сме имале никаков контакт“, изјави Тер Штеген кој има разбирање за постапката на Нојер.

- Оглас -

Најнови вести