Дефинитивно: Македонија – Косово без публика!

Бараж-натпреварот од Лигата на нациите помеѓу Македонија и Косово на 26 март ќе се игра без публика. Арената „Тодор Проески“ во Скопје наместо исполнета до последно место, бидејќи беа продадени сите билети, ќе биде празна. На навивачите кои купија билети, ФФМ ќе им врати пари.

Владата објави дека еден месец ги забранува сите јавни собири на отворено или затворено на коишто има над 1.000 луѓе.

„Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територијата на целата држава“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, како една од мерките во борба против Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести