Ремито од 1-1 помеѓу Вардар и Пелистер, ја остави разликата помеѓу овие два клуба шест бода на едно коло до крајот на Втората лига, па сега и дефинитивно е јасно дека Црвено-црните како третопласирани, ќе играат бараж за влез во Прва лига.
Десниќ го доведе Вардар во водство, а изедначи Маневски од пенал. Најтрофејниот македонски клуб во баражот за влез во елитното друштво ќе игра најверојатно против Скопје.