36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Дефинитивно заврши ерата на Венгер, за првпат по 37 години во првиот тим на Арсенал немаше играч кој не бил трениран од легендарниот Французин

Фудбалерите на Арсенал денеска остварија драматична победа над Бирнмут од 3:2 со гол во 98-та минута и покажаа дека се подготвени да одат до самиот крај, да ја освојат шампионската титула. Топчиите ја вратија предноста од пет бода (63) на лидерската позиција пред Манчестер сити (58 ), а на денешниот натпревар заврши ерата на легендарниот менаџер Арсен Венгер.

Венгер се пензионира во 2018 година по 22 години поминати на клупата на Арсенал, но неговото влијание се чувствуваше се до денеска.

Имено, за прв пат по 1986 година и дуелот со Астон Вила во Лига купот, во првиот тим на Арсенал, немаше фудбалер кој не бил трениран од Венгер.

На денешниот дуел со Борнмут, менаџерот на Арсенал, Микел Артета се одлучи да истрча со Рамсдејл, Томијасу, Салиба, Габриел, Зинченко, Одегард, Парти, Виеира, Мартинели, Тросард и Сака. Сиве овие фудбалери не биле тренирани од Венгер.

Арсенал денеска стана и 26-тиот тим во историјата на Премиер лигата кој успеал да победи, а примил гол во првата минута. Исто така по пауза од 11 години, Топчиите дојдоа до победата откако имале негатива од два гола. За последен пат тоа беше во 2012 година и дуелот со Тотенхем (5:2).

- Оглас -

Најнови вести