14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Дејан Блажевски претставен како нов член на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров му посака топло добредојде за најновото засилување, искусниот голгетер Дејан Блажевски (33), кој по претходната соработка со екипата на Работнички, носи дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот на популарните „лавови“.

„Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство, и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока позиција на табелата“ – рече популарниот Шиле.

Блажевски кариерата ја почна во Пелистер, а има играно и во грчки клубови, Турново, Вардар, Тирана и Работнички. За репрезентацијата има четири настапи и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести