Годината што изминува дефинитивно ќе биде испишана со златни бувки во историјата на спортовите во нашата држава.
Покрај настапот на фудбалерите на ЕП, Македонија конечно преку теквондистот Дејан Георгиевски стигна до Олимписки медал во категоријата за над 80 килограми.
Сребреното момче од Токио златно ќе сјае во очите на Македонија и македонската јавност.
Тој во земјата на изгрејсонцето се бореше против Владислав Ларин и беше блиску и до златото, но Русинот на крајот заврши највисоко на пиедесталот.
Но, тагување нема и не смее да има бидејќи Дејан ја направи Македонија горда и по неколку децениска пауза ја стави на олимписката мапа.
Ова е само почеток за Дејан, кој сега без никакви притисоци може да се подготвува за Олимпијадата во Париз во 2024 година.
Ние веруваме во неговите квалитети и се надеваме дека ќе го послужат здравјето и спортската среќа за и во иднина да ја радува нашата нација.