Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски си заминува од Јувентус и до крајот на оваа и целата наредна сезона ќе игра за Тотенхем.
Двата клуба се договорија дека по завршувањето на позајмицата, Кулушевски може да стане играч на Тотенхем ако лондонскиот клуб му плати 35 милиони евра на Јуве.
Кулушевски пред две години потпиша за Јувентус, важи за еден од најдобрите фудбалери во Европа од неговата генерација, но не се снајде најдобро во Старата дама и сега ќе се испроба во Премиер лигата.