Јувентус и официјално објави дека постогнал договор со Аталанта, па Дејан Кулушевски сега е негов член откако денеска македонскиот Швеѓанец ги мина лекарските тестови и потпиша договор.
„Тој ќе биде важен играч за средниот ред на Јуве и важен елемент со голем потенцијл. Само на 19 години тој е кристален талент“, напишаа од клубот.
Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година и до крајот на сезонава ќе игра како позајмен за Парма. Договорот со Јуве му е до 30 јуни 2024 година, а за Парма ќе игра до 30 јуни 2020.