Шведскиот интернационалец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, преку социјалните мрежи испрати проштална порака до клубот Парма, од кој си заминува и оди во големиот Јувентус.
„Во Парма дојдов како дете, си заминувам како маж. Парма, дадов максимум за вас, секој меч го играв како да ми е последен. Ќе ја паметам сезонава, имаше и порази и победи, тешки моменти, ви благодарам на сите за шансата која ми ја дадовте. Играчите со кои играв секогаш ќе бидат како мои браќа, стадионот Енио Тардини секогаш ќе биде мој дом. Благодарам Парма, се гледаме“ – напиша Кулушевски во пораката.
Кулушевски имаше 10 гола и 8 асистенции, со што го доби признанието за најдобар млад играч во италијанската Серија А. Сега пред него е голем предизвик, да се избори за минутажа во еден од најсилните тимови во Европа.