Дејан нè направи горди: Македонија по 21 година освои медал на ЛОИ! (Видео)

Дејан Георгиевски испиша историски успех со освојување на најмалку сребрен медал на Летните Олимписки игри во Токио откако македонскиот таеквондист се пласира во финалето, каде што ќе се бори против Владислав Ларин за златен медал.

Од ЛОИ во Сиднеј 2000 година Македонија чека на олимписки медал како самостојна држава, само Могамед Ибрахимов во борење во слободен стил е единствениот македонски олимписки медалист со освоена бронза.

Дури 21 година подоцна, Дејан ја направи горда Македонија со својата победа во полуфиналето над фаворизираниот Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.

Финалето против рускиот таеквондист е закажано за 14:45 според македонско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести