Освојувачот на олимпиското сребро, таеквондистот Дејан Георгиевски на најдобар можен начин го отвори настапот на Бугарија Опен Г2 турнир во Софија.
На овој исклучително силен турнир на кој се добиваат и олимписки бодови и на кој учествува целата таеквондо елита, Георгиевски на спектакуларен начин стигна до победа против Андреј Поп од Романија.
Георгиевски доминираше на мечот, а во еден момент максимално го искористи невниманието на противникот кој не успеа да ја заштити главата и доби нокаут, па веднаш реагираше судијата.

