37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Дејан Савичевиќ казнет со 1.000 евра и четиримесена забрана за управување моторно возило

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора и своевремено еден од најдобрите играчи на светот, легендата на Милан и Црвена ѕвезда, Дејан Савичевиќ, синоќа бил приведен од полицијата во Херцег Нови поради сообраќајни прекршоци (пребрзо возење и претекнување на полна лента).

Судијата за прекршоци му изрекол парична казна од 1.000 евра, по што бил пуштен. Црногорските медиуми објавија и дека популарниот Дејо одбил алкотест, па добил и четиримесечна забрана за управување со моторно возило.

- Оглас -

Најнови вести