19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Дејан Савичевиќ не се појавил на венчавката на ќерка му

Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, славниот Дејан Савичевиќ, не се појави на свадбената прослава на која неговата ќерка беше во улога на невеста. Тамара Савичевиќ се омажи со фудбалерот од Будва Александар Каписода, кој настапува за клуб од Тајланд.

Свадбата била изминатиот викенд во црногорското приморско место Петровац, но црногорските медиуми тврдат дека во хотелот го немало таткото на невестата.

Тамара и Каписода имаат тримесечна ќерка, па и бебето присуствуваше на свадбата.

- Оглас -

Најнови вести