Дејан Станковиќ донира респиратори во Србија

Некогашната фудбалска ѕвезда на Црвена ѕвезда, Лацио и Интер, а сега тренер на српскиот првак, Дејан Станковиќ, реши да се вклучи во борбата против Коронавирусот во Србија. Станковиќ донирал пари за купување респираторни машини.

„Должност на секој од нас е да помогнеме колку што можеме во овие тешки моменти. Треба да им помогнеме на оние на кои најмногу им е потребна помош. Не е важно кој колку ќе помогне, важно е секој да даде свој придонес и да помогнеме уште еден живот повеќе да биде спасен“, вели Станковиќ.

Иако официјално не е откриена сумата која Станковиќ ја има донирано, се шпекулира дека таа сума е доволна за да се купат 4-5 респираторни машини.

- Оглас -

Најнови вести