Владан Милојевиќ засега останува на клупата на српскиот првак Црвена ѕвезда. Раководството му даде поддршка на 55-годишниот стратег по победата над Лил во Лигата на Европа, но неговата позиција и понатаму е загрозена. Според шпекулациите, можно е Дејан Станковиќ да се врати на стадионот „Рајко Митиќ“.
Иако првиот човек на клубот, Звездан Терзиќ, цврсто застана зад тренерот Милојевиќ и му даде целосна поддршка за неговата работа, нема да биде изненадување доколку Црвено-белите оваа зима направат промена на клупата.
Милојевиќ речиси сигурно ќе си замине доколку клубот не постигне добар резултат во претстојните европски натпревари против ФЦСБ и Штурм, а со српскиот шампион веќе подолго време се поврзуваат повеќе имиња.
Шпанецот Алберт Риера беше прв избор за нов тренер. Сепак, тој има договор со словенечкиот Целје, а неговото ослободување би чинело околу два милиони евра, па белградскиот клуб би можело да се сврти кон друга опција.
Таа опција е Дејан Станковиќ. Легендарниот фудбалер доби отказ во Спартак Москва и моментно е слободен да избере нов клуб.
На 47-годишниот Станковиќ, наводно, веќе му бил упатен повик од Црвена ѕвезда, но тогаш не било соодветно време бидејќи сè уште работел во Русија, па љубезно ја одбил понудата.

