Италијанскиот фудбалер Игнасио Абате би можело кариерата да ја продолжи во белградската Црвена ѕвезда. Екипата на тренерот Дејан Станковиќ, кој како фудбалер настапуваше за Лацио и Интер, сака да го земе Абате, кој има 33 години и не играл од јуни, откако по цела деценија си замина од Милан.
Абате е десен бек кој иако не е во натпреварувачки ритам, би можело да биде од голема помош за Ѕвезда и лидер на теренот, но преговорите нема да бидат лесни бидејќи агент на Абате му е познатиот Мино Рајола.