Дејвид Бекам хоспитализиран

Славниот некогашен англиски фудбалер, а сега сопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам, е примен во болница во Лос Анџелес каде се здобил со тешка повреда на раката.

Сопругата Викторија објави на Инстаграм фотографија од Дејвид како лежи во болнички кревет и напиша: „Оздрави брзо тато“.

Бекам изгледаше расположен и се смешкаше кон камерата, а најверојатно станува збор за скршена рака како причина за неговото лекување во болница.

 

- Оглас -

Најнови вести