Дејвид Бекам како Атиџе, стана пчелар! (Фото)

Некогашната голема фудбалска ѕвезда, а сега сопственик на клубот Интер од Мајами, Англичанецот Дејвид Бекам, слободното време го минува одгледувајќи пчели. Бекам со своите три деца, позираа во пчеларски костуми, а популарниот Бекс објави и фотографии на кои докажува дека тој сам ги прави сандаците.

Екс капитенот на англиската репрезентација напиша интересна порака, дека им рекол на неговите деца да бидат внимателни, а тоа всушност требаше да биде англиски хумор и шега во игра со зборови. Бекам ја употреби фразата „bee careful“, што всушност значи грижа за пчелите, а „be careful“, со едно „е“ помалку во првиот збор, има сосема друго значење и во превод е бидете внимателни.

Бекам со своето ново хоби почнал да се занимава за време на карантинот.

Не е познато како 45-годишниот Бекам ја добил идејата да почне да одгледува пчели, но очигледно е дека тоа го прави со љубов, што е предуслов за успех, а истото ги привлекува и синовите Ромео и Круз, и ќерката Харпер.

 

- Оглас -

Најнови вести