28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Дејвид Бекам влезе во војна со Интер

Дејвид Бекам неодамна го промовираше својот нов клуб Интер Мајами. Иако клубот уште нема одиграно ниту еден официјален меч и нема играчи, се најде во проблеми. Според американските медиуми, Бекам најверојатно ќе мора да го менува името на клубот.

Италијанскиот гигант Интер Милано решил да го тужи Бекам поради тоа што не добил дозвола за користење на името Интер. Адвокатите на Бекам се чудат како Интер решил да го тужат токму некогашниот англиски фудбалер, иако низ цел свет има неколку клубови кои засега без проблем го користат името Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести