Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам се обиде да ја направи Божиќната ноќ незаборавна за своите блиски. Тој му се придружи на Дедо Мраз за една празнична песна.
Поранешниот ас на Манчестер јунајтед реши да го исполни семејниот празник со незаборавни моменти во нивната вила во Мајами. Тоа вклучуваше изненадувачка посета од Дедо Мраз, кој пристигна со вреќа полна подароци. Набргу потоа го убеди 49-годишниот Бекам безгрижно да ја отпее една од најпопуларните божиќни песни.
Дејвид Бекам, облечен во домашни папучи, му се придружи на белобрадиот старец без никаква грижа за неговите пејачки способности.
View this post on Instagram
Подоцна Бекам објави и фотографии од традиционалната божиќна мисирка, придружени со текст: „Традиционално сечење мисирка што мајките ја готвеа цел ден!! Ве сакам сите, Среќен Божиќ.“
Дејвид Бекам моментално е во Мајами со својата сопруга Викторија и нивните деца Ромео, Круз и Харпер.