Дејвид Гилберт испиша историја во светскиот снукер

Дејвид Гилберт вечерва на натпревар против Стивен Мегваер од Лигата на шампионите испиша историја во снукерот бидејќи го направи 147-миот максимален брејк од 147 поени. Штета што на мечот немаше публика, па Гилберт да биде поздравен со огромен аплауз, но можеби вака притисокот врз него беше помал и тој за помалку од 11 минути ја исчисти масата, комбинирајќи 15 црвени со црна, а потоа сите обоени кугли по ред за 147 поени.

Ова беше единствениот фрејм кој го освои Гилберт во мечот со Мегваер и загуби со 1:3. За него, ова е втор максимум во кариерата.

Првиот официјален професионален максимум од 147 го направи Стив Дејвис во 1982 година на „Лада класик“. Всушност, во снукерот теоретски најголем можен брејк е 155 поени, но никој нема направено такво нешто, а само еднаш на турнир имало брејк од 148, што исто така може да се направи ако на полна маса се досуди „слободна топка“.

Најмногу максимални брејкови од 147 поени има направено Рони О`Саливен (15), најмлад играч кој го направил ова е Тајланѓанецот Танават Тирапонгпаибон (16 години и 213 дена), а најстар е Марк Дејвис со 44 години и 202 дена.

Погледнете го брејкот на Гилберт со кој вечерва испиша историја:

 

- Оглас -

Најнови вести