Дејвид Мојс се врати на клупата на Чеканите

Дејвид Мојс е назначен за нов менаџер на Вест хем. Шкотскиот стратег доаѓа на местото на Мануел Пелегрини, кој доби отказ поради серијата лоши резултати на Чеканите.

Вест хем загуби на четири од последните пет меча во првенството и падна на 17-тото место на табелата со 19 бодови, еден повеќе од Астон вила, која е во зоната за испаѓање. Мојс беше на чело на Вест хем во сезоната 2017/18, што значи дека ова е негово враќање во тимот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести