Дејвид Мојс го „рогна“ детето кое собира топки (Видео)

Вест хем не успеа да се пласира во финалето на Лигата на Европа, откако синоќа загуби на гостувањето во Франкфурт од Ајнтрахт со 1:0, па германскиот тим со вкупни 3:1 по двата меча се пласира во борба за трофејот.

Тренерот на Вест хем, Дејвид Мојс, очигледно беше револтиран од резултатот, па пред крајот на мечот, при водство на домаќините од 1:0, направи непромислен потег. Мојс влезе во конфликт со едно од момчињата кои ги додаваат топките назад на теренот и во еден момент зеде една топка и ја шутна директно кон момчето, но, за среќа, го промаши.

Судијата го виде овој неспортски потег на искусниот тренер и веднаш му даде црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести