Лос Анџелес лејкерс го елиминираше Портланд трејлблејзерс со 4-1, а синоќешната победа од 131-122, беше во знакот на тандемот Ентони Дејвис-Леброн Џејмс кои станаа првите соиграчи од Лејкерс после 18 години кои на еден плејоф меч постигнале 35 или повеќе поени. Во 2002 година, славните Коби Брајант и Шекил О‘Нил имаа 36 односно 35 поени, а Дејвис и Џејмс уфрлија 43 односно 36 поени.
Леброн покрај 36-те поени имаше и двоцифрен број на скокови и асистенции, па комплетираше трипл-дабл. Леброн никогаш не бил елиминиран во првите кола од плејофот. Портланд играше без својот најдобар играч Демиен Лилард, но даде силен отпор, кој сепак не беше доволен за изненадување. Кармело Ентони го одигра својот можеби и последен плејоф меч во кариерата, даде 27 поени.
Блиску до западно полуфинале е и Хјујстон рокетс, кој со 114-80 го разби Оклахома сити тандер, за предност од 3-2. На Ракетите им се врати Расел Вестбрук и тоа даде резултат, иако Рас имаше лоша вечер и заврши со скромни 7 поени.
Милвоки бакс ја оправда фаворитската улога против Орландо меџик. Елените славеа со 118-104, за вкупни 4-1 во победи.
После победата над Портланд, задоволниот Леброн Џејмс ги покажа своите танцувачки и пејачки способности. Фановите не се воодушевени и го молат да не го прави ова повторно:
https://twitter.com/i/status/1299930145591967744