Дејвис куп: Македонија во група со Словенија и со Црна Гора

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија од утре до сабота ќе биде дел од натпреварите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Улцињ. На денешната ждрепка беше одредено Македонија да биде во групата А, каде ривали се Словенија, која е носител, и Црна Гора, која е домаќин.

Во Б групата ќе играат Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово.

Македонскиот национален тим го сочинуваат: Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, а ги предводи селекторот Горан Шевченко. Македонија на ранг листата од Дејвис купот се наоѓа на 87.место.

Пласман во Втората Евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групите, како и победникот од мечот-бараж на второпласираните репрезентации (вкупно три репрезентации). Од овој ранг ќе испаднат две репрезентации, четвртопласираната од Б групата и поразената репрезентација од мечот – бараж на третопласираните репрезентации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести