Дејвис: Не е важно кој е противникот, важно е Купот да го освоиме

Ракометниот клуб Вардар дефинитивно е решен сезонава да ја заврши со двојна круна. Црвено-црните се во пол-позиција во трката за шампионскиот пехар, а за трофејот во Купот ќе водат битка со уште три екипи.

Кавадарци е домаќин на завршницата на Купот, кој ќе започне утре. Вардар во полуфиналето за противник го има вториот тим на Еурофарм Пелистер, а тренерот на скопјани, Давид Дејвис, очекува победа не само на овој меч туку и во подоцнежното евентуално финале.

„Вардар секогаш игра на победа. Сакаме да го освоиме Купот и подготвени сме за тоа. Купот е едно посебно натпреварување каде што се игра еден меч и нема поправен, па затоа мора да бидеме максимално подготвени. Напорно трениравме, добро го познаваме ривалот, но мора да бидеме внимателни и фокусирани затоа што во Купот не секогаш победува фаворитот. Сакаме да играме во финале, а без разлика кој ќе биде таму ривал, нашата цел е јасна, а тоа е освојување на трофејот“, рече Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести