Дејвис останува верен на Лејкерси и ќе стане најплатен кошаркар во НБА

Ентони Дејвис го продолжи договорот со ЛА Лејкерс, објавија медиумите во САД.

Дејвис потпиша нов тригодишен договор, кој ќе почне да му важи откако ќе му заврши актуелниот договор, и според кој во Лос Анџелес ќе остане до 2028 година.

Со новиот тригодишен договор, тој ќе заработи 186 милиони долари, односно 62 милиони по сезона, што ќе го направи најплатен кошаркар во НБА-лигата кога станува збор за годишна плата.

Крилниот центар во наредните пет години, со актуелниот и со новиот договор, вкупно ќе заработи 270 милиони долари.

Дејвис заедно со Леброн Џејмс на ЛА Лејкерс му ја донесоа шампионската титула во 2020 година, а минатата сезона загубија во финалето на Западната конференција од шампионот Денвер нагетс.

- Оглас -

Најнови вести