18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Дејвис откри од што најмногу се плаши

Новата ѕвезда на ЛА лејкерс која летово пристигна од редовите на Њу Орлеанс пеликанс, Ентони Дејвис, за американските медиуми откри дека се плаши од темнината. Тешко е да се поверува, но овој кошаркар висок 208 сантиметри преферира да спие со запалено светло, a вината ја бара во хорор филмовите кои ги гледал како дете.

„Како мал премногу гледав хорор филмови и сега ја плаќам цената за тоа. Едноставно не можам да седам во темница. Додека спијам во мојата соба, мора да има барем малку светлина, било да доаѓа од телевизорот или од светлото во бањата“, истакна Дејвис.

Иако на терените делува бестрашно, особено кога кога доминира под обрачите, новиот центар на Езерџиите овој страв го смета за голем проблем и би сакал во иднина да го реши.

- Оглас -

Најнови вести