Ентони Дејвис преку својот агент побарал од Њу Орлеанс да му дозволат да си замине во друга екипа, која има поголеми амбиции од „пеликаните“. Оваа информација веднаш се рашири низ САД, а ЛА лејкерс во истиот момент почнаа да прават калкулации за да го доведат „Веѓата“ во Калифорнија.
„Езерџиите“ наводно се подготвени да жртвуваат пола ростер за него, поточно да се откажат од Лонзо Бол, Кајл Кузма и Анте Зубац, како и следните неколку драфтови од првата рунда со цел Дејвис да го облече златно-виолетовиот дрес. Интерес покажа и Бостон, но за да го доведат Дејвис, ќе мора да се откажат од Кајри Ирвинг, а тоа никако не им одговара.
Дејвис во изминативе неколку години се истакна како еден од најдоминантните центри во НБА-лигата, но Њу Орлеанс не може да му ги исполни неговите амбиции, па токму затоа тој одлучи да ја смени средината.