Дејвис во разговор со татко му: Синко, па ти го понижи својот идол

Алфонсо Дејвис блескаше во вчерашниот спектакл на „Да Луж“ кој припадна на Баерн Минхен, во кој младата ѕвезда на Баварците доби прилика за првпат во кариерата да ги одмери силите со својот идол.

Да го чува Лионел Меси беше неговата примарна задача, но Дејвис уште еднаш ги покажа квалитети и во нападот со своите експлозивни продори од кои еден резултираше со асистенција.

По мечот, Дејвис прво што направил му се јавил на татко му, а го октри и разговорот меѓу нив.

„Кога му се јавив на татко ми, прво што ми рече е: Значи, играше против својот идол… Кратко му одговорив „да“, а потоа почнавме да се смееме. И двајцата не можевме да поверуваме што се случи, бидејќи татко ми најдобро знае колку го сакам Меси и дека го следам уште од дете“, истакна Дејвис.

Младиот Канаѓанец не само што му се спротивстави на Меси, туку и го понижи со 8-2.

- Оглас -

Најнови вести