Деклан Рајс е неизвесен за лондонското дерби со Челзи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го одржа својот редовен брифинг пред новото колото во Премиер лигата. Топчиите се во серија од два последовни порази во сите натпреварувања, откако загубија од Борнмут во Премиер лигата и од Интер во Лигата на шампионите.


Тимот ќе се соочи со Челзи во важен натпревар за двата тима.

„Во моментов немам појасни информации за Деклан Рајс. Тој не тренираше и ќе видиме дали ќе можеме да го искористиме против Челзи за време на викендот,“ изјави Артета.

Каи Хаверц и Микел Мерино имаат мали физички проблеми по натпреварот во Лигата на шампионите. Тирни, Калафиори и Томијасу се отсутни, а Стерлинг не може да игра против својот поранешен клуб, бидејќи таков е договорот за позајмица меѓу двата клуба.
Мартин Одегард се врати по повреда на скочниот зглоб и ќе направи сè за да биде дел од почетниот состав. Деклан Рајс останува сериозно неизвесен за лондонското дерби.

- Оглас -

Најнови вести