Деко за можното враќање на Нејмар во Барселона: „Нема подобро место за него од Сантос и Бразил“

Спортскиот директор на Барселона, Деко, по мечот против Бенфика одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше и за можното враќање на Нејмар на „Камп ноу“.

„Јас го сакам Нејмар, го сметам за еден од најдобрите фудбалери во последните 10 до 20 години, феноменален е и одличен фудбалер. Меѓутоа, некои приказни не се повторуваат на ист начин. Тој беше одличен во Барселона, освои многу трофеи и играше одлично. Секако дека постои теоретска можност да се врати, но мислам дека ова не е вистинскиот момент да се зборува за неговото враќање во Барселона. Верувам дека и Нејмар не размислува за тоа. Неговото потенцијално враќање не е само прашање на финансии. Најважно е Нејмар сега да ужива во фудбалот и да биде среќен. Не гледам подобро место за него во овој момент од Бразил и Сантос. Нејмар ја има мојата поддршка и му посакувам сè најдобро бидејќи ѝ е потребен на бразилската репрезентација. Мислам дека секој кој сака фудбал, сака да го види Нејмар среќен“, порача Деко и на некој начин ја подзатвори вратата за Нејмар во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести