-7.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Дел од Фалангата СО АВТОБУС од Скопје ДО ДАНСКА! (Видео+фото)

Група од 25-30 навивачи во раните утрински часови со автобус од Скопје тргна на долг пат до Данска, каде што треба да ја бодри македонската ракометна репрезентација на натпреварите од Европското првенство во градот Хернинг.

Делува лудо, од Скопје до Хернинг има повеќе од 2.300 километри, но со добро друштво, песни, забава, ќе се издржи. Попатна станица ќе биде Прага, каде што групата ќе преспие, а потоа со нови сили се оди кон Данска, каде што предвидено е да пристигнат на 16 јануари, на денот на првиот меч на ЕП против домашната Данска.

Заморот и тоа што ќе биде многу помалубројна од домашните фанови на првиот меч нема да бидат пречка Фалангата со цело срце да помогне колку може, а потоа против Португалија и против Романија треба да се достигне максимумот и ракометарите да ја имаат подрршката на која се навикнати, дури и толку далеку од дома.

Се очекува македонски навивачи од повеќе страни на Европа да пристигнат во Хернинг на денот на мечот и да покажат колку го сакаат ракометниот тим, кој веруваме дека ќе ги оправда нивните очекувања.

- Оглас -

Најнови вести