28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Дел од Италијанците немаат поим дека Елмас не игра: Ако играме вака, Елиф ќе ни даде три гола за пет минути (Видео+Фото)

Интересни коментари има во Италија по тренингот на Аѕурите пред мечот со Македонија, а во дел од нив се споменува и нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Играчот на Наполи нема право на настап против Аѕурите, задутре на бараж-мечот во Палермо, но доста луѓе што коментираат за мечот и не знаат дека тој нема да игра.

На твитер-налогот на италијанската репрезентација е објавено видео од вчерашниот тренинг со наслов „Меч со висок ритам на Аѕурите“, а дел од коментарите го споменуваат и Елмас.

„Ако ова е висок ритам, тогаш Елмас ќе ни даде три гола по пет минути игра“, е еден од најинтересните коментари.

Има уште неколку што го истакнуваат Елмас како главна закана за Италија и за голот што ќе го брани Џиџи Донарума.

Елиф отпатува со нашата фудбалска експедиција за Палермо, но, за жал, нема право на настапи поради жолти картони, исто како и Тихомир Костадинов.

Македонските навивачи во голем број дојдоа на комплексот на ФФМ, каде што денеска од 11 часот се одржа последниот тренинг на нашите репрезентативци во Скопје пред патот за Палермо и со песна им посакаа успех на „Ренцо Барбера“ задутре од 20.45 часот.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести