Дел од навивачите разочарани, платиле по 600 денари да седат на столчиња со измет од птици (Фото)

Синоќа на арената „Тодор Проески“ имаше речиси 30.000 навивчи и беа сведоци на нерешениот резултат на Македонија против Англија. Гостите во Скопје дојдоа како четврта селекција според рангирањето на ФИФА, но Македонија не се уплаши и водеше со 1:0, за сепак во вториот дел Гордиот Албион да израмни на 1:1.

На овој меч се промовираше новиот тревен терен, кој е поставен благодарение на Фудбалската федерација на Македонија иако стадионот е објект кој е под одговорност на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Теренот изгледаше одлично, но сепак и синоќа имаше недостатоци на Арената. Дел од навивачите кои беа присутни на трибините беа непријатно изненадени од тоа каде што требаше да седат за да го гледаат натпреварот за кој платиле од 400 до 600 денари.

Некои од столчињата беа толку многу валкани и покриени со измет од птиците кои летаат околу трибините, што едноставно беше невозможно да се седи и да се гледа натпреварот. Освен валканите столчиња, имаше и столчиња кои беа оштетени (скршени), па луѓето кои имаа билети за тие места немаа каде да седнат.

Овие фотографии се појавија на социјалните мрежи како доказ дека сепак едноставно не може сè да биде како што треба на нашиот најголем стадион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести