Прославениот италијански напаѓач Алесандро дел Пјеро планира да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), пишуваат локалните медиуми. По завршувањето на играчката кариера, Деј Пјеро влезе во медиумскиот свет. Работеше како репортер, односно стручен консултант на големите натпреварувања.
Сега, Дел Пјеро има многу поголеми амбиции, а тоа е да стигне до претседателската фотеља во тамошната фудбалска федерација. Актуелен претседател на ФИГЦ е Габриеле Гравина кој на таа позиција дојде во 2018 година.
Многумина веруваат дека со евентуалното доаѓање на Деј Пјеро, ќе се донесе „свежа крв“ и нови модерни идеи за подобрување на италијанскиот фудбал.
Изборите за нов претседател во италијанската федерација ќе биде во февруари 2025 година.