Дел Потро го откажа настапот на ОП на САД

Хуам Мартин дел Потро го откажа својот настап на претстојното Отворено првенство на САД, кое стартува на 26 август. Аргентинскиот тенисер ја обнови повредата на коленото пред два месеца, а бидејќи рехабилитацијата уште се одвива, јасно е дека не ќе може да биде подготвен за четвртиот и последен овогодишен Гренд слем.

Популарниот Делпо поради исти причини не се појави на терените на Вимблдон, додека голем дел од кариерата одеше под нож, по што едно време сериозно размислуваше да се повлече. Откако стана шампион на САД во 2009 година, на Дел Потро му беа направени три операции на глуждот од левата рака и еднаш на глуждот од десната рака, но и покрај тие проблеми, се враќаше на терените.

Инаку Дел Потро е актуелен вицепрвак на САД, лани го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови. Неговото место во ждрепката ќе биде доделено на Американецот Денис Кудла.

- Оглас -

Најнови вести