Дел Потро шокира: Секое утро мора да пијам 5-6 таблети против болки, животот ми е кошмар

Аргетинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, кој на 1 декември против Новак Ѓоковиќ во Буенос Аирес ќе го одигра последниот меч во кариерата, откри шокантни детали од својот живот полн со болки.

Дел Потро е еден од најомилените тенисери во светот, последниот меч го одигра во февруари 2022 година, а неговата битка со повредата на коленото со продолжува до ден-денес.

„Кога реков дека натпреварот во Буенос Аирес ќе ми биде последен, најдов мир бидејќи пред тоа постојано ме прашуваа кога ќе играм повторно. Бев среќен што луѓето сè уште сакаа да ме видат на теренот, но болката стана неподнослива“, рече поранешниот светски рекет број 3.

По последните две операции на коленото по последниот меч, секој ден примал инјекции во ногата, бутот и грбот, секој ден страдал и телото не му дозволува веќе да игра.

Аргентинецот првата операција ја имаше во 2019 година, лекарите му велеле дека требало да се врати на терен само три месеци подоцна, но реалноста се покажа поинаква.

„Кога во 2019 ја направив првата операција, лекарите ми рекоа дека за три месеци повторно ќе можам да играм. Меѓутоа, по таа операција никогаш повеќе не можев да одам по скали без болка. Тоа е како бескраен кошмар и продолжувам да се обидувам да најдам решение, но не можам. Секогаш кога ќе помислам на тоа, се чувствувам лут и беспомошен бидејќи знам дека не можам ништо да сменам. Не живеам како што сакам. Бев многу активна личност и постојано спортував, не само тенис. Но, сега ме канат да играм фудбал и јас сум тој што седи на страна со пијачките. Моите другари играат падел, а јас ги сликам. Тоа е страшно. Оваа неспособност да се игра ми ја отстрани радоста од тенисот. Кога станувам наутро, пијам помеѓу 6 и 8 антиинфламаторни таблети, гастропротектори и еден против анксиозност“, вели Дел Потро во емотивното интервју.

 

- Оглас -

Најнови вести