15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Деле Али става крај на фудбалската кариера?

Деле Али, до неодамна еден од најголемите адути на англискиот фудбал, е на чекор од одлука да ја заврши својата кариера на само 29 години, откако Сеск Фабрегас не го вклучил во плановите за новата сезона во дресот на Комо, пренесува „Газета дело Спорт“.

Фудбалерот кој заедно со Хари Кејн и Сон доминираше на англиските терени во втората половина од минатата деценија, наскоро би можел да стане „фудбалски бездомник“, бидејќи ниту Фабрегас во изминатите шест месеци не се уверил дека може барем да потсети на времето кога блескаше во дресот на Тотенхем.

Комо, клуб кој минатата сезона се врати во најсилната лига на Италија со големи амбиции и со Фабрегас како лице на тој проект, му подаде рака на Али во јануари. Но, поранешниот англиски репрезентативец одигра само 10 минути и тогаш доби директен црвен картон.

Тоа се случи среде март на натпревар против Милан, откако претходно два меча беше во протокол, но не доби шанса поради слаба физичка подготвеност и лоши настапи претходно во Евертон и Бешикташ.

Се чинеше дека Фабрегас ќе му прости за исклучувањето, но Али до крајот на сезоната не доби нова шанса. Затоа, речиси е сигурно дека двете страни ќе го раскинат договорот кој важи до 30 јуни следната година.

Според најпознатиот италијански спортски весник, ништо не се сменило ни во летниот период. Али тренира со играчи кои не се во плановите на Фабрегас и се чека развој на настаните до крајот на преодниот рок.

Додека некои од нив сè уште се надеваат на оживување на својата кариера, ситуацијата на Али е поинаква. Англичанецот е исцрпен од фудбалот по сè што му се случуваше откако замина од Тотенхем, и чувствува дека можеби дошло времето да се повлече.

- Оглас -

Најнови вести