Актуелниот европски шампион, Манчестер сити, синоќа гостуваше во Белград, во дуел кој немаше никакво резултатско значење, со оглед на тоа дека Граѓаните секако ќе завршеа на првата позиција, додека Црвена ѕвезда немаше шанси да мине во следната рунда.
Сепак, дуелот против актуелниот освојувач на Лигата на шампионите го искористија навивачите да им порачаат дека тие се „лажен Манчестер“, алудирајќи на големите пари кои влегуваат во клубот од Емиратите.
Fake Manchester pic.twitter.com/8MJXbQDMkJ
— Kalabaster (@KalabasterJak) December 13, 2023
На трибините беше истакната и парола на која пишуваше: „Кога фудбалот не беше само пари – Светски шампиони 1991“. Црвена ѕвезда во 1991 беше европски и светски шампион откако во финалето на Купот на шампионите го победи Марсеј, а во финалето на Интерконтиненталниот куп славеше над чилеанскиот Коло Коло.