Црвена ѕвезда славеше против Партизан со 2:1 во 160. белградско дерби. Со овој триумф, „црвено-белите“ само потврдија дека се најдобар тим во земјата и заслужено ќе стигнат до титулата.Вообичаено, навивачите направија фантастична атмосфера, а посебен момент беше, кога „Делиите“ истакнаа парола во чест на капитенот на Партизан, Саша Илиќ.
Легендарниот капитен на Партизан го игра најверојатно последното вечно дерби, а фановите на Црвена ѕвезда покажаа огромна почит, кон него, но не заборавија да го „чепнат“ Партизан. Тие го споредија Илиќ како жито кое може да се најде меѓу многу Какол растение кое е со сино-црвеникави цветови и отровно семе што расте по ливадите. На паролата пишуваше:
„Во секој какол има по некое жито. Добар капитен на најлошиот тим! Саша Илиќ, живели“, порачаа популарните Делии.
Илиќ не беше стартер а влезе пред крајот на средбата на местото на Пантиќ.