Делиите фрлија топовски удар меѓу играчите кои паднаа како покосени (Видео)

Црвена ѕвезда со 3:0 ја победи Војводина во финалето на Купот во Србија и ја продолжи доминацијата на тамошната фудбалска сцена. Осма сезона по ред Црвена ѕвезда ја освојува двојната крупа (првенство и куп).

Синоќешното финале во Купот се играше во Зајачар, а, секако, дека Црвена ѕвезда повторно имаше голема помош од своите навивачи. Сепак, токму еден неодговорен симпатизер на Црвено-белите за малку ќе направеше да се случи можеби и трагедија откако реши на теренот да фрли топовски удар.

Војводина изведе корнер, повеќе играчи беа дел од мешаницата, кога токму меѓу нив пукна топовскиот удар. Неколку фудбалери на двата тима буквално како покосени паднаа на теренот и побараа лекарска помош. За среќа, ниту еден од нив не се здоби со сериозни повреди, па мечот продолжи.

 

- Оглас -

Најнови вести