Делиите и Грците во делириум пред дуелот во Белград (Видео)

Црвена ѕвезда и Олимпијакос вечерва ќе играат на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а иако има голем број гостински навивачи, атмосферата е без никакви инциденти. Тоа е така затоа што навивачите на овие два клуба се збратимени и се одлични пријатели.

Популарните Делии им организираа одличен дочек на Грците, па синоќа имало забава на која навивачите пееле српски и грчки навивачки песни, но и навредливи песни за Партизан и ПАОК, кои им се „црвно-бели“ ривали.

На трибините ќе биде збратимено, но на теренот ќе се води голема битка за освојување на трите бода. Гостите од Атина најавија дека се дојдени да победат и дека не се за калкулација „три за три“. 

https://www.instagram.com/p/B3DrzNhoCCs/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести