Српската пејачка и актерка Снежана Савиќ пред 35 години сними народна песна „Три пољупца хоќу ја“ (Три бакнежи сакам јас) и текстот им се погоди на навивачите на Црвена ѕвезда за синоќешната прослава на титулата во кошаркарското првенство на Србија. Делиите се собраа на Мал Калемегдан, каде што се клупските простории на КК Црвена ѕвезда, и направија мала измена на текстот и наместо бакнежи викаа чекори.
Така, тие пееја: „Три чекори сакам јас, не сакам еден, не сакам два. Ништо помалку не сакам, бидејќи три се за среќа, три чекори сакам јас“.
https://twitter.com/i/status/1140721373779824641
Со овие три чекори тие алудираа на трите чекори кои Били Берон ги направи при победничкиот кош за 20-тата титула. Кошот беше нерегуларен, но тешко дека ќе се донесе одлука за преигрување на мечот.
На прославата во еден локал каде што беа играчите пееше и српскиот пејач Дејан Матиќ.