Навивачите на Црвена ѕвезда го провоцираа тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, пред, за време и по завршувањето на кошаркарското дерби од финалето на АБА-лигата, но најтрофејниот европски тренер не се лути и смета дека фановите на Ѕвезда направиле добра атмосфера.
Српската жандармерија ја обезбедуваше салата за прес-конференции, додека на новинарите им се обраќаше Обрадовиќ по поразот на неговиот тим, а навивачи стоеја надвор и пееја „Жељко остани“ во стилот на фановите на Реал Мадрид, кои така го провоцираат Чави да остане тренер на Барселона, алудирајќи на тоа дека со него на клупа постојано ќе го победуваат ривалот.
Ѕвездашите сакаат и да му порачаат дека му треба Џордан да ја ја совлада Ѕвезда, против која има скор 0-5 во 2024 година. Кон Обрадовиќ има и провокации од типот „Жељко земи го Мајкл Џордан“, како одговор на песната на Гробарите кои му скандираат „Земи ја Жељко евролигашката титула“.
Лични навреди имаше кон директорот на Партизан, Зоран Савиќ.
„Навивачите на Ѕвезда прават одлична атмосфера, им честитам на тоа. Преубаво е да се види полна сала и како го бодрат својот тим, а за навредите, не би се впуштал во коментари, има луѓе кои ја водат лигата. Тоа е нешто традиционално, имаат право да го прават тоа. Апелирам до навивачите на Партизан сега кога ние ќе бидеме домаќини, и во Арена да има спортска и фер атмосфера, да не навредуваат никого“, рече Обрадовиќ.