38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Делиите со чадни бомби, песни и подарок го пречекаа Арнаутовиќ на аеродром (Видео)

Австрискиот напаѓач со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, стана најскапото засилување во историјата на Црвена ѕвезда (5 милиони евра за две години), а денеска пристигна во Белград и на аеродромот беше пречекан од стотици фанови на Црвено-белите.

Српските медиуми пишуваат дека ова е прв ваков случај во нивната земја, некој играч толку еуфорично да биде пречекан на аеродром.

Марко носеше црна маица, но од Делиите доби подарок црвено-бела маица со нивни симболи и веднаш ја облече. Сега тој замина на лекарски прегледи, а потоа ќе следува и официјалното потпишување на договорот.

Објавено е дека Арнаутовиќ во Ѕвезда ќе носи дрес со бројот 89, во чест на годината на неговото раѓање (1989) и на годината во која е формирана навивачката група Делии.

Од Ѕвезда објавија: „Погодете кој?“, и постираа фотографија од Арнаутовиќ, на која се гледа неговата тетоважа на вратот на која на кирилица е напишано: „Среќата ги следи храбрите“.

- Оглас -

Најнови вести