Црвена ѕвезда беше поразена со 1-3, но околу 3.500 навивачи на српскиот шампион кои се најдоа на трибините на стадионот во Лајпциг им дадоа силна поддршка на своите миленици по мечот.
Делиите им пееја на фудбалерите кои дојдоа кај нив и им ја ублажуваа болката по загубениот меч.
Инаку, голот за Ѕвезда кој го постигна Марко Стамениќ ќе влезе во историјата на фудбалот во Нов Зеланд. По пауза од цели 30 години, гол во Лигата на шампионите даде играч од далечниот остров во Тихиот Океан. Стамениќ е роден во Нов Зеланд, игра за нивната репрезентација, а претходно негов сонародник (Винтон Руфер од Вердер) даде гол во ЛШ во 1993 година.
Еве како фановите на белградските Црвено-бели навиваа заедно со играчите по поразот од Лајпциг:
Delije sing with players pic.twitter.com/KH1uabVQEi
— Kalabaster (@KalabasterJak) October 25, 2023

