16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Делириум во Хамбург, Борусија Д. прокоцка два гола во последните пет минути (Видео)

Сент Паули и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 3:3 во меч на кој гостите имаа убедлива предност и тоа на неколку минути пред крајот. Борусија Д. водеше на полувреме, а Милионерите промашија и пенал преку Гираси за 2:0.

Сент Паули израмни во 50 минута, но Борусија Дортмунд постигна два гола за предност од 3:1. Се чинеше дека Борусија победнички ќе си замине од гостувањето во Хамбург, но во 85 минута Мане доби црвен картон, а Сент паули доби пенал.

Синани намали на 2:3, а во 89 минута Смит погоди за 3:3, за делириум кај домашните навивачи.

Со овој резултат само се комплетираше денешната голеада во Бундеслигата. На сите шест средби кои се играа, на крајот имаше погодоци во мрежите на сите екипи, а на крајот имаше три или повеќе голови.

Резултати: Баер Леверкузен – Хофенхајм 1:2, Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен 4:1, Фрајбург – Аугсбург 1:3, Хајденхајм – Волфсбург 1:3, Унион Берлин – Штутгарт 2:1, Сент Паули – Борусија Дортмунд 3:3.

- Оглас -

Најнови вести